Државниот обвинител Коцевски,, на тапет” пред пратениците

Собранието денеска во рамки на 64. седница се очекува да ја констатира оставката на претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, а на дневен ред на седницата е и интерпелацијата за работата на Републичкиот Јавен обвинител, Љупчо Коцевски, поднесена од опозициската Левица.

За разрешување на Коцевски се потребни 61 пратенички глас. Освен 6 пратеници од Левица, извесно е и дека за разрешување на Коцевски ќе гласа и ЗНАМ.

Интерпелацијата ја поднесе Левица поради, како што наведуваат селективност во истрагата за пожарот во Кочани, политичко влијание во работата на Обвинителството, функционален хаос во Вишото јавно обвинителство Скопје и непостапување по службена должност за дивоградбите во Скопје.

ДУИ нема се уште соопштено како ќе гласа, а и ВРЕДИ. Според СДСМ, нема да гласаат за интерпелацијата.

Христијан Мицкоски претходно изјави дека не го менува ставот ниту тој како човек ниту, пак, го менува ставот партијата ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски уште во март, по пожарот во Кочани, рече дека ќе им даде шанса и на Коцевски и на другите обвинители да работат и да сработат имајќи ја предвид чувствителноста на ситуацијата.

„Јавноста ќе види утре.Ние како политичка партија и јас како човек не ги менувам ставовите преку ноќ”, рече вчера Мицкоски.

Коцевски негира дека има постигнат договор со премиерот Христијан Мицкоски во врска со неговото евентуално разрешување

Back to top button
Close