Државните инстиуции од декември ќе вршат трансакции преку СЕПА

„По пристапувањето на нашата земја кон СЕПА, со што за граѓаните и за компаниите веќе се овозможени побрзи, побезбедни и поевтини плаќања во евра, Народната банка како банкар на државата им овозможува и на државните институции да ги користат придобивките од СЕПА“, објавија денеска од НБ

Од 9 декември државата и институциите ќе може да плаќаат и да примаат средства во евра согласно стандардите на Единствената област за плаќањa во евра (СЕПА) – побрзо, побезбедно и со пониски и фиксни надоместоци, најави Народната банка откако гуверверот Трајко Славески потпиша договор за соработка со претседателот на Управниот одбор на НЛБ д.д. Љубљана, Блаж Бродњак и со членот на УО на НЛБ д.д. Љубљана, Антонио Аргир.

 

 

Претседателот на УО на НЛБ д.д. Љубљана, Блаж Бродњак и гувернерот на Народната банка, Трајко Славески

Договорот ѝ овозможува на Народната банка на Македонија да започне со плаќања преку СЕПА.

 

„Наместо досегашните просечни трошоци од 14 евра за плаќање преку кореспондентните банки, плаќањата преку СЕПА ќе чинат 3 евра за електронските налози и 5 евра за хартиените налози, а сите приливи преку СЕПА ќе се наплатуваат 3 евра. Имајќи предвид дека 80 проценти од вкупните одливни плаќања и 90 проценти од вкупните приливи на државата се во евра, пониските надоместоци директно ќе овозможат поголеми заштеди за државата и за државните органи. По пристапувањето на нашата земја кон СЕПА, со што за граѓаните и за компаниите веќе се овозможени побрзи, побезбедни и поевтини плаќања во евра, Народната банка како банкар на државата им овозможува и на државните институции да ги користат придобивките од СЕПА“ велат од НБ, додавајќи дека на овој начин државата и институциите ќе остварат значителни заштеди при извршувањето на прекуграничките плаќања во евра со 40 земји членки на СЕПА.

По потпишувањето на договорот за соработка, претседателот на Управниот одбор на НЛБ д.д. Љубљана, Блаж Бродњак, изјави дека ова достигнување е значаен чекор кон подлабока интеграција со платниот систем на Европската Унија и ја поддржува пошироката цел за интеграција во ЕУ.

На 7 октомври годинава гувернерот на НБ, Трајко Славески, објави дека во државата се направени првите трансакции преку СЕПА.

Back to top button
Close