Дујовски: Конечно ќе имаме шареноликост, во СДСМ потребни се промени!

Универзитетскиот професор Никола Дујовски во гостувањето во ТВ 24 говореше за денешниот изборен ден од вториот круг на локалните избори.

Како што истакна тој, не очекува дека резултатите од овие избори ќе имаат негативна промена за лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

„Сметам дека после денешните избори, Владата ќе продолжи да работи во полн состав. Не очекувам дека овие резултати ќе имаат негативна промена за премиерот Заев. Тоа го кажаа граѓаните. Нашата држава конечно ќе има разноликост и ќе видиме колку се способни новите градоначалници. Во СДСМ се потребни промени“, истакна Дујовски.

Back to top button
Close