Дуда: Ако Бугарија каже НЕ за влез на РСМ во ЕУ, лично ќе истапам и ќе се залагам за изготвување на патоказ

Полскиот претседател, Дуда во изјава потенцираше дека, доколку Бугарија каже не за влегување на Македонија во ЕУ, лично ќе истапел, и како што рече ќе се залага за изготвување на патоказ.

“Се надевам дека новоформираната влада во Бугарија ќе има поконструктивна позиција во поглед на пристапувањето на Република С Македонија во ЕУ. Во овој момент би сакал да кажам дека Полска ја дава безрезервната поддршка на РСМ за влез во ЕУ и тука би сакал јавно да изјавам дека доколку Бугарија и натаму реагира неконструктивно, односно каже – не, за влез на РСМ во Европа, јас лично ќе истапам и ќе се залагам за изготвување на некој патоказ, односно документ којшто ќе послужи на РСМ полесно да се справи со ова прашање за влез во ЕУ“, рече Дуда.

 

Back to top button
Close