Дуда Баље: Да, ми понудија професорска позиција во Скопје, во замена за глас за партијата за Курти во Косовското собрание

Пратеничката Дуда Баље за порталот Национале ги потврди информациите што кружат дека ѝ било понудено да стане професорка во Скопје, во замена за гласање за Албулена Хаџиу.

„Да, вистина е. Имав неколку повици од луѓе кои не се директно вклучени во политиката, но се во општеството. Пред неколку години аплицирав за професор во Македонија и ги исполнив сите услови, но не аплицирав повторно. Но сега ми кажаа дека постои можност да разговараме за работа како професорка“, рече таа.

„Да, не беше директно, но…“

Таа е пријателка, докторка од Косово. Се сретнавме неколку пати случајно.

Мојот одговор беше не, одбив бидејќи не ги познавам овие луѓе и тоа беше навистина неприфатливо.

„Имаше два или три повици“, додаде таа.

Дуда Баље е пратеничка од бошњачката заедница од десетте места загарантирани за заедниците во косовсакиот парламент.

Побараната услуга била за да даде глас за партијата на Албин Курти за да после неколку неуспешни обиди биде избрано новото собрание на Косово.

Back to top button
Close