Дудуш рече дека не е негов ајфонот од 1600 евра и објави слика од сопственикот
По големиот интерес во јавноста околу фотографијата со новиот iPhone 17 Pro Max, кандидатот за градоначалник на Шуто Оризари, Курто Дудуш, денеска се огласи на социјалните мрежи со демант дека телефонот всушност не е негов.
Да ја разрешиме мистеријата за вистинскиот сопственик на iPhone 17 Pro Max – тоа е мојот братучед Алмир Дудуш, познат бизнисмен во Шуто Оризари. Со фотографијата сакавме да го промовираме бројот 17, со кој ќе настапиме на изборите со нашата партија Унија на Ромите. Тоа беше порака, а не промоција на телефон“, напиша Дудуш