ДУИ ја потврдија средбата меѓу Заев и Ахмети

Средбата меѓу Заев и Ахмети ја потврдија и од ДУИ.

„Со оглед на итноста и потребата да се дејствува брзо на клучните институции во земјава со цел решавање на здравствените и економските предизвици поврзани со ковид-19, утре ќе се одржи клучна средба меѓу претседателите Али Ахмети и Зоран Заев каде се очекува да биде постигнат конечен договор за нова, стабилна Влада, посветена на четиригодишен мандат – се вели во соопштението од ДУИ.

Исто така потврдуваат дека во разговорите одржани на ниво на партиски секретари меѓу Артан Груби од ДУИ и Љупчо Николовски од СДСМ постигнат е сериозен напредок речиси по сите прашања коишто водат до договор за нова влада.

Back to top button
Close