ДУИ бара Филков да биде разрешен, се мешал во судството

ДУИ го обвини министерот за правда Игор Филков за директно мешање во судството и во обвинителството и бара тој да биде разрешен. Партијата потенцира дека извршната власт нема уставно право да сугерира како треба да постапува судството. Според ДУИ, улогата на Министерството за правда е да го заштити интегритетот и независноста на судството, особено во чувствителни случаи каде што постои политичка поларизација.
-Министерот, наместо да го штити системот од политички притисок, создава клима на однапред одредена одлука и врши јавен притисок врз обвинителите и судиите. Ваквите изјави го нарушуваат принципот на поделба на власта и го загрозуваат интегритетот на тековните постапки. Го повикуваме министерот да се воздржи од какво било понатамошно мешање и доколку оваа практика продолжи, тој треба веднаш да биде разрешен за да се заштити независноста на судството – соопшти ДУИ.
Од партијата најавија дека ќе ги информираат стратешките партнери, вклучувајќи ги Соединетите Американски Држави, Европската Унија и ОБСЕ, за овие случувања.






