ДУИ: Дали во февруари 2025 во Општина Куманово имало средба меѓу Изет Меџити и Александар Вулин за српска инвестиција во „Битолска Банка“?

„Транспарентноста е темел на јавната доверба! Ние нема да дозволиме сенки и сомнежи да ја загрозат иднината на државата!“ изјавуваат од Демократската унија за интеграција.
Во јавноста се појавија информации за наводен состанок во февруари 2025 година одржан во кабинетот на градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски. На овој состанок, според изнесеното, во присуство на заменик премиерот Стоилковиќ се сретнале Изет Меџити и Александар Вулин за да координираат голем српски инвестициски проект во „Битолска Банка“.
ДУИ остро реагира:
„Ако овие информации се точни, јавноста мора веднаш да биде информирана за содржината и мотивите на ваквиот состанок! Секое прикривање претставува директен удар врз демократијата и го загрозува државниот интегритет!“
ДУИ повикува на итни појаснувања од градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, од заменик премиерот Стоилковиќ и од вице-премиерот, Изет Меџити.
„Граѓаните заслужуваат јасни и навремени одговори! Секој таен договор кој вклучува странски финансиски интереси носи ризик од политичка зависност и влијание! Македонија не смее да биде заложник на сенки и непрозирни договори!“ порачаа од ДУИ.
ДУИ ја нагласува својата непоколеблива заложба за отвореност и демократска одговорност:
„Ќе инсистираме на целосна транспарентност! Ќе ја браниме јавната доверба! Ќе спречиме било какви обиди за прикривање од јавноста! Народот мора да знае вистината!“