ДУИ: Дали возилото на заменик-директорот на Царина се наоѓало веднаш зад возилото на уапсениот за примање поткуп од 17.500 евра?

По апсењето на дело на помошник-директорот на Царинската управа, под сомнение дека примил 17.500 евра поткуп, во јавноста се појави нова информација која бара итен одговор од полицијата. Дали е точно дека во моментот на апсењето, веднаш зад возилото на уапсениот се наоѓало возилото на заменик-директорот на Царинската управа, Мустафа Даути? – стои во соопштението на ДУИ, коешто МИА го пренесува интегрално:

Доколку е така, бараме МВР јавно да појасни:

-Кој се наоѓал во тоа возило?
-Зошто возилото на заменик-директорот на Царинската управа се наоѓало на местото и во моментот на апсењето?
-Дали Мустафа Даути или лицата кои се наоѓале во неговото возило биле испрашувани?
-Дали се истражува дали случајот со 17.500 евра е поврзан и со други лица во хиерархијата на Царинската управа?

Кога службено лице е фатено на дело при примање поткуп поврзан со тендер, истрагата не смее да заврши само кај лицето кое ги примило парите. Мора да се расчисти целиот синџир: кој го организирал, кој знаел и кој стоел зад него.

МВР и Обвинителството имаат обврска да ѝ дадат на јавноста јасни и целосни одговори.

Back to top button
Close