ДУИ: Длабоко разочарување од однесувањето на албанските коалициски партнери на ВЛЕН во власта
Соопштение на ДУИ
Демократската Унија за Интеграција изразува длабоко разочарување од однесувањето на албанските коалициски партнери на ВЛЕН во Власта.
На јавна сцена тие се понижуваат себе си во обидот да му се допаднат на Премиерот, кој од високо им дели лекции и им го покажува местото во коалицијата кое за нив тој го одредил.
Секојдневно слушаме не само од Премиерот, туку и од други преставици на ВМРО, па дури и од останатите коалициски партнери, за тоа кој со кого смее, а кој со кого не смее да коалицира и кој со кого бил фатен да разговара или преговара.
Тој ги понижува дотаму што бара од нив како деца кои направиле грешка, јавно да кажат што и како правеле, што им бил планот за локалните избори, да не кријат нешто итн.
Партиите забораваат дека мандатот не произлегува од Христијан Мицковски, туку од албанските гласачи – кои на последниот избори не им го дадода. Гласачи кои се сѐ повеќе разочарани и понижени.
Затоа да ги прашаме – додека вам ве караат како да сте мали деца, дали вие како партнери во Власта смеете да поставите некои прашања.
Прво, дали воопшто ве консултираше Премиерот кога на јавна сцена оствари моноетничка лидерска средба со Претседателот на СДСМ внатре во Владата, за да разговараат за идниот развој на земјата.
Дали се сеќавате дека тие и си најавија работни групи за оваа намена.
Кога веќе не сте дел од групите, дали барем ви кажаа какви групи формираа?
Како тоа Македонските етнички партии можат да разговараат за сите прашања, тоа да го прават јавно, на јавна сцена, а Албанските треба да бараат дозвола од Мицковски?
Кога веќе Владата води заедничка политика, дали воопшто некој ве праша, и дали воопшто ви пречи што Премиерот на високи позиции поставува коалициски партнери кои Албанците ги нарекуваат со погрдни зборови.
Дали е воопшто смеете да кажете дали е прифатливо за вас што во Владата на највисоко ниво ви седат носители на српскиот свет и проруски агенди, дали е тоа одобрено од ваша страна, или постојат правила само за Албанците?
Дали сте свесни дека Премиерот оди наоколу и добива пофалби дека им го покажал местото на Албанците, и дека вие сте дел од тој фолклор.
Ако не сте, тогаш што ќе одговорите на фактот што за нецела година употребата на албанскиот јазик практично а исчезнува од институциите. Што вие преземате што целиот државен апарат е активиран да го уништи Инспекторатот за употреба на јазиците.
До кога ќе трпите да ве понижува албанофобите од ЗНАМ дека само што не ја оствариле замената за Балансерот и дали сте свесни дека во меѓувреме, поради недостатокот од механизми за балансирање, Албанците речиси целосно се исклучени од процесите во јавните институции?
Дали сте свесни дека како никогаш досега, го пониживте Албанецот – кој ќе ве казни на секои наредни избори какви и да се тие и кога и да се.
И од тука е јасно: вие се плашите од предвремени парламентарни избори, затоа што на тие избори Албанците вас ќе ви го покажат местото.