ДУИ: Додека државата тоне во енергетска несигурност, МЕПСО доделува милионски договори на фирма со активирана гаранција

Додека државата тоне во енергетска несигурност, Телма објави дека МЕПСО минатата година ја активирал банкарската гаранција на хрватски Далековод која работеше на далноводот Скопје–Велес, а во меѓувреме на истата фирма и додели 19,3 милиони евра договор за енергетско поврзување со Албанија, стои во соопштението на Демократската унија за интеграција (ДУИ) кое МИА го пренесува интегрално.

Ова не е случајност, ова е апсурд.

МЕПСО и Бурим Латифи треба јавно и детално да и ги објаснат на јавноста причините за активираната гаранција на фирмата, во услови кога и е доверен многу поголем стратешки проект.

Поради активирањето на банкарската гаранција, постои основан страв дека хрватски Далековод може да не биде во состојба да го реализира на време и без проблеми  проектот за енергетско поврзување со Албанија.

Каква порака се испраќа до јавноста и инвеститорите ако државниот преносен оператор ги казнува изведувачите во еден проект, а го наградува истиот сектор со нов, сомнителен договор? Дали националните интереси и енергетската стабилност се ставени на страна во корист на странски или политички бизнис-интереси?

ДУИ веќе еднаш предупреди: под раководство на неспособниот Бурим Латифи, МЕПСО нема да донесе реални решенија за поврзување со Албанија. Денешните наоди ја потврдуваат нашата загриженост, поврзувањето со Албанија ќе остане нереализирано бидејќи одлуките не се базираат на стручност, а не на партиски или лични интереси.

Посебно загрижува што новиот договор е потпишан со конзорциум со други две компании за кои постојат сериозни индиции за поврзаност со структури блиски до Милорад Додик и Александар Вучиќ. А ова се случи откако МЕПСО го раскина договорот со фирмата Енергоинвест, по што оваа компанија тужи пред меѓународни судови и постои реална можност државата да плаќа милиони евра отштета за штета. Овие аматерски и непромислени потези на Бурим Латифи ја доведуваат МЕПСО и државата во сериозен финансиски и политички ризик.

Ги повикуваме Државната комисија за спречување корупција, Јавното обвинителство и Министерството за енергетика итно да иницираат независна ревизија на одлуките на МЕПСО, да ги проверaт процедурите за избор на изведувач и да објават сите релевантни информации за финансиски и деловни поврзаности.

Демократската унија за интеграција

Back to top button
Close