ДУИ: Дури ниту поранешните поддржувачи не одговорија на повикот на ВРЕДИ

Промотивната конвенција на коалицијата ВРЕДИ, одржана синоќа во салата „Борис Трајковски“ во Скопје, јасно го покажа политичкиот реалитет: не само што граѓаните не им веруваат, туку и нивните поранешни поддржувачи ги напуштија. И покрај разулавената пропаганда и нелегалните притисоци од власта, салата остана со празни седишта, додека вистинската жива атмосфера чукаше низ чаршии – од Скопје и Куманово, во Гостивар, Тетово, Кичево па сè до Струга, се наведува во соопштението од ДУИ, што МИА го пренесува интегрално.

Народот не одговори на повикот да поддржи проект кој веќе ја изгуби секоја кредибилност и се претвори во голема измама. Причината е јасна: ВРЕДИ не исполни ништо, апсолутно ништо од дадените ветувања. Од големите изборни зборови, денес останаа само разочарување и разобличени лаги:
• Ветуваа 2.500 вработувања – граѓаните добија нула.
• Ветуваа 10.000 евра за секој граѓанин – граѓаните добија нула.
• Ветуваа Албанска академија на науките – го донесоа Додик и српските донации.
• Ветуваа албанска банка – донесоа српска банка.
• Ветуваа уставни измени и европска интеграција – го донесоа „српскиот свет“.
• Ветуваа национални програми – го донесоа српскиот МТЕЛ.
• Ветуваа почитување на Охридскиот договор – го предадоа во рацете на путинистот Иван Стоилковиќ.

Бледата конвенција на ВРЕДИ е најјасната фотографија на нивниот неуспех. Албанците веќе ја донесоа својата одлука: тие повеќе не им веруваат, ги напуштија и ги гледаат токму такви какви што се – како огранок на ВМРО кај Албанците.

На 19 октомври, граѓаните со глас ќе го заверуваат овој вердикт: ВРЕДИ е измама, е „политичкиот франкенштајн“ на Мицкоски, додека ДУИ останува единствената адреса на Албанците за силно, достоинствено и европско претставување.

Back to top button
Close