ДУИ: Ќе обезбедиме социјална пензија за секоја жена која не го остварила правото на работна пензија

Жените придонеле подеднакво во градењето на нашата држава и нашето општество – иако можеби никогаш не биле официјално вработени, изјави Насер Зибери, кандидатот за прв премиер Албанец на Северна Македонија, од редовите на ДУИ.

– Тоа се жени кои не одгледуваа, кои работеа напорно во нашите домови, нашите  семејства и во претпријатијата, но кои немаат право на пензија. Тие ја заслужиле нивната пензија и ние треба да бидеме благодарни за нивниот придонес и да го вреднуваме нивниот напор даден во текот на целиот нивен
живот“, вели Зибери.

Во неговиот акциски план за првите 100 дена како Премиер на Северна Македонија, Зибери предвидува социјална пензија за сите жени кои никогаш не работеле официјално. За него оваа мерка е со најголем приоритет.

– Можеме да ја процениме вредноста на општеството според начинот на кој се однесуваме кон постарите лица. Едноставно е неправедно овие жени да не добиваат државна пензија, покрај се што направиле за нас и за нашето општество. Треба да ја почитуваме нивната работа, треба да ги почитуваме овие жени и да бидеме благодарни, смета Зибери.

Оваа социјална пензија е една од 25-те конкретни мерки на планот на Зибери која предвидува подобрување на животот на сите граѓани.

– Сакам општество каде секое семејство, секој граѓанин има сигурен приход за обезбедување на еден пристоен живот. Сакам општество во кое никој не e изоставен. Ова не само што ќе придонесе кон подобар квалитет на животниот стандард на сите граѓани, но ќе ја зајакне и нашата економија. Да бидам првиот премиер Албанец, за мене не е само симбол на еднаквост, туку е и алатка за подобрување на животот на сите граѓани, рече Зибери.

Back to top button
Close