ДУИ ќе положи венец на гробот на Гоце Делчев
Денеска се одбележуваат 153 години од раѓањето на македонскиот револуционер и визионер Гоце Делчев.
По тој повод бројни делегации ќе положат венец на неговото почивалиште во црквата „Св. Спас“ во Скопје, а една од делегациите ќе биде и Демократската Унија за Интеграција (ДУИ).
„Делегација на Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) денеска ќе положи венец на вечното почивалиште на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје по повод 4-ти февруари, оддавајќи почит кон неговото историско дело и наследство. Церемонијата ќе се одржи во 11:00 часот“, велат од ДУИ