ДУИ го доби првиот потпис за „Европскиот фронт“ од партијата на Скендер Реџепи – заедно ќе ѝ кажат „да“ на ЕУ и „не“ на Русија

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска го започна официјализирањето на предизборната коалиција под името „Европски фронт“. Прва партија што стави потпис за приклучување кон „Европскиот фронт“ е Народното движење предводено од Скендер Реџепи-Зејд, кој до 2022 година беше член и пратеник од партијата на Африм Гаши, Алтернатива, која откако ја напушти дејствуваше како независен пратеник, а лани формира нов политички субјект.

 

Од потпишувањето на договорот меѓу Али Ахмети и Скендер Реџепи – Зејд / Фото: Фејсбук-профил на Бујар Османи

На потпишувањето на договорот за заеднички предизборен настап на ДУИ и Народното движење му претходеа звуците на неформалната химна на Европската Унија – „Ода на радоста“ од Бетовеновата 9. симфонија. На настанот присуствуваа техничкиот премиер од редовите на ДУИ, Талат Џафери, министри во Владата, како и актуелниот шеф на дипломатијата и кандидатот на ДУИ за претседател на државата, Бујар Османи.

 

Ахмети во своето обраќање рече дека формирањето на овој фронт било неопходно бидејќи големите работи не се прават сами.

 

„Зошто овој фронт треба да биде изграден во 2024 година? Затоа што се времиња кои го бараат ова обединување, ова обединување на Албанците од Северна Македонија, бидејќи работите во глобалната политичка сцена одат наопаку. Немаме ништо против другите политичките партии, да живеат, но тие немаат капацитет да се соочат со овие работи што се случуваат кај нас и околу нас, затоа ова обединување е неопходно, не само за Албанците туку и за Турците, Бошњаците и Ромите“ рече Ахмети.

Ахмети по потпишувањето додаде дека во тек се разговорите и со други политички партии за приклучување кон „Европскиот фронт

Back to top button
Close