ДУИ: Граѓаните ќе плаќаат милиони евра и ќе чекаат со години за автопати ако пратениците не дадат поддршка

Градењето на автопатите веќе не може да ги сопре никој и ништо, но доколку пратениците одлучат спротивно, проектот ќе трае многу по долго и ќе чини многу повеќе, предупредува ДУИ во денешното партиско соопштение.

-За дневна несфатлива политика на блокади во Собрание, граѓаните ќе треба да почекаат уште неколку години за да возат по автопат и ќе плаќаат милиони евра безпотребни дополнителни средства наместо со тое средства да се градат училишта, болници, градинки, гасоводи, железници, други автопатишта, се вели во соопштението.

Од партијата ја поздравуваат поддршката на ВМРО-ДПМНЕ за изградбата на коридорите 8 и 10-Д искажана од страна на нејзиниот претседател Христијан Мицкоски.

ДУИ потенцира дека проектот за изградба на автопатите на Коридорот 8 и 10-Д е амбициозен проект од национално значење за изградба на 109 километри автопат за 57 месеци (4 пати побрзо од просечната градба во нашата земја) преку нов модел што го користат најголемите, најискусните градежни компании во светот.

Мицкоски вчера во изјава за медиумите побара македонски градежни компании да ги градат Коридорите 8 и 10Д. Тој порача дека не се против коридорите, туку против договор со пенали и работна недела од 60 часа.

-Ние сме партија која е позната по градењето и реализација на проекти, не сме против реномирани компании, но сме за нашите македонски компании, одговори Мицкоски на новинарско прашање, при посетата на проект во општина Градско

Back to top button
Close