ДУИ: Граѓаните ги преплавија канцелариите на ДИК во поддршка на кандидатурата на Бујар Османи за претседател


Од раните утрински часови голем број граѓани во регионалните центри на ДИК во Куманово, Скопје, Тетово, Гостивар, Дебар, Кичево, Струга, Чашка и низ целата држава го ставија својот потпис во поддршка на кандидатот на Демократската унија за интеграција за претседател на државата, Бујар Османи, се вели во соопштението што попладнево го испратија од владејачката партија.

Во него меѓудругото се вели дека „Демократската унија за интеграција им се заблагодарува на сите оние кои досега ја изразија својата непоколеблива волја да застанат во поддршка на нашата докажана визија за големи прогресивни достигнувања“.Потврдувањето на кандидатурата на Бујар Османи преку овој масовен собир на потписи кој несомнено ќе ја надмине бројката од 10.000 потписи ја докажува праведноста на нашите прогресивни идеи. Како што го исполнивме ветувањето за првиот премиер албанец и сите ветувања за нашата национална и државна факторизација во последните две децении, така и каузата за првиот претседател албанец ќе ја направиме реалност со тоа што прво ќе го трасираме патот за сигурно остварување на оваа визија. Кандидатурата на Бујар Османи не е само формален изборен чин, туку е нова голема мисија, битка за рушење на следното табу преку избор на претседател во Собранието со 2/3 од гласовите и со Бадентерово мнозинство. Оваа мисија, како и сите други, ќе ја водиме заедно и несомнено дека ќе ја оствариме нашата праведна цел“ се вели во соопштението од ДУИ.

Back to top button
Close