ДУИ и во ноември ќе ја евалуира работата на нивните функционери во извршната власт

Речиси 12 часа траеше конститутивната седница на новиот состав на Централното претседателство на ДУИ во партиското седиште во Мала Речица. Голем период од дебатата беше посветена на оценување на работата на партиски членови кои се функционери во извршната власт.

– Конструктивна дебата, прва конститутивна седница, се исцрпија точките во кои се именуваа структурите на ЦП и се даде отчетот на Извршната власт после тоа следеше разгледување на извештајот посветувајќи се на потребите на луѓето на секој проект поединечно и како да се подобри ефикасноста во имплементација на тие проекти во функција на граѓаните, така што дебатата продолжува на 19 ноември со цел да се исцрпи целата расправа и понатаму продолжуваме, изјави партискиот портпарол Бујар Османи.

На дебатата за работата на функционерите вчера претходеше избор на 16 секретари на исто толку секретаријати. Воедно на седницата претседателот Али Ахмети информираше за политичката состојба.

Избран е Артан Груби за шеф на кабинет на претседателот Ахмети, портпарол на партијата Бујар Османи, заменик портпарол на партијата Арбр Адеми и советници на претседателот Ахмети во различни области,

Меѓу избраните секретари се Теута Арифи за секретаријат за образование и наука, Невзат Бејта за локална самоуправа и други.

Back to top button
Close