ДУИ изразува загриженост за финансирањето на руските наративи во нашата земја и во Западен Балкан
Соопштение на ДУИ:
Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост по објавените медиумски известувања за финансирање на руски наративи од страна на германската невладина организација АЈКФ, преку грантови дадени за ширење на руската пропаганда во нашата земја и во Западен Балкан.
Во објавениот список на медиуми и новинари кои тесно соработуваат со оваа организација од нашата земја се појавува името на новинарот Миленко Неделковски, кој од 2015 година е активен дел од проруската пропаганда која ја шири оваа организација.
Добитник е на повеќе грантови, награди од оваа организација, а во текот на овој месец реализираше медиумско известување за руските воени акции директно од украинскиот фронт, како и гости во неговата емисија биле Леонид Савин и Александар Дугин, познати пропагандисти на Кремљ и идеолози на доктрината “Руски Свет”.
На нашите простории има многу луѓе како Миленко Неделковски, некои се уште ја кријат главата, но наскоро ќе бидат демаскирани.
Сите овие медиумски извештаи ја потврдуваат постојаната загриженост искажана од Али Ахмети и Демократската унија за интеграција за силното присуство на руски елементи во медиумскиот и политичкиот простор на нашата земја и пошироко.
Демократската унија за интеграција ги повикува сите политички и општествени чинители на земјата и на Западен Балкан да посветат поголемо внимание на овој загрижувачки феномен, тесно да соработуваат за еднаш засекогаш да го изолираат штетното руско влијание врз сите наши земји.
Да кажеме НЕ на Русија, ДА на Европа