ДУИ: Кои олигарси ги штити владата со блокирање на законот за рестриктивни мерки?

Во соопштение до јавноста, ДУИ го објасни својот став за усвојување на Законот за рестриктивни мерки за лица санкционирани од САД:

„Додека јавноста очекува владејачките партии да го прекинат молкот и стравот во врска со нашиот повик за ветинг на политичарите од последните 30 години, и ре-отварање на приватизацијата денес ДУИ повторно упатува повик за усвојување на Законот за рестриктивни мерки за лица санкционирани од САД“.

Од ДУИ велат дека законот предвидува ограничување на економските и политичките активности на санкционираните лица, ја засилува борбата против корупцијата и владеењето на правото и е клучен момент за усогласување со меѓународните стандарди:

„ДУИ презеде јасни чекори за да ги поддржи санкциите на САД и даде силна подршка на  Стратешки дијалог со САД, што е клучен момент за зајакнување на владеењето на правото и усогласување со меѓународните стандарди“.

Од ДУИ упатуваат и критики кон актуелната власт:

„За жал, владата без етнички легитимитет на ВМРО-ДПМНЕ го блокира овој закон намерно, покажувајќи дека служат на олигарсите и тесните лични интереси, наместо да работат за доброто на граѓаните.

Ниедна политичка партија не може да биде колективно одговорна за дејствија на поединци, но сите ние носиме заедничка одговорност за политиките што ги усвојуваме и за зајакнувањето на владеењето на правото.

Затоа, ДУИ јавно ја предизвикува ВМРО-ДПМНЕ и нејзините партнери да го вратат Законот за рестриктивни мерки на дневен ред и да го усвојат без одложување.

Секоја одбивање или одлагање ќе биде јасен доказ за нивната посветеност на заштита на интересите на олигарсите и саботирање на борбата против корупцијата.

ДУИ ќе продолжи да инсистира на усвојување на овој закон и на изградба на држава каде што правдата е еднаква за сите а не инструмент за политички и етнички реваншизам“.

Back to top button
Close