ДУИ: Лимани, алатка на Мицковски или министер за граѓаните?
Министерот за социјална политика, Фатмир Лимани, вчера покажа дека нема никакви други приоритети освен да ги спроведува наредбите на Мицковски, обвинија од ДУИ.
„Неговиот срамен потег, со кој реши да ја отвори градинката дури откако доби јавна критика од премиерот, е јасен доказ дека тој не е министер за децата и граѓаните, туку само политичка алатка која не работи за интересите на народот, туку за исполнување на барањата на неговиот газда.
БЕСА, која тврди дека ги претставува интересите на граѓаните, треба да преземе одговорност за оваа ситуација.
Дали ќе продолжат да поддржуваат министер кој е само алатка на премиерот, или ќе заземат став против ова злоупотреба на должноста и недостигот на посветеност кон граѓаните?“ се вели во соопштението на ДУИ.