ДУИ: „Меџити го гледа Чаир само како поле за лични бизниси и брзи пари“
Граѓаните на Чаир добро знаат кој е Изет Меџити и неговиот соработник Висар Ганиу. За време на нивните мандати, општината стана синоним за криминал, корупција и хаос, велат од ДУИ.
Според ДУИ, Меџити не живее меѓу граѓаните за кои наводно се грижи, туку удобно во Бутел, гледајќи на Чаир само како поле за лични бизниси. „За време на неговото владеење, од дивоградби и сомнителни легализации се украдени 225 милиони евра, без ниту еден голем инфраструктурен проект или трајно решение за проблемите на граѓаните“, пишува во соопштението на ДУИ во кое се нагласува дека наместо да се грижи за Чаир, Меџити бара поддршка од Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, надевајќи се дека со парите и пропагандата ќе го спаси својот политички интерес.
„Но Чаир не заборава“, додаваат тие заклучувајќи дека на 19 октомври, граѓаните ќе кажат НЕ на дивоградби, корупција и лични интереси. Чаир заслужува општина без хаос и криминал.