ДУИ молчи дали се надминати несогласувањата во партијата за кадрите во Владата
ДУИ молчи дали се надминати несогласувањата во партијата за кадрите во Владата. Неофицијално, Бујар Османи извиси од владина функција. Тој повеќе не е кандидат за министер за надворешни работи, а таа позиција ја презема Артан Груби, додека вицепремиерската функција му се предава на Изет Меџити, објави Алсат.
Нема официјална потврда од ДУИ дали ќе биде изменета листата на кандидати за Владата што ја објави лидерот на партијата Али Ахмети. Интегративците денеска единствено потврдија дека на списокот за министри е додаден Јетон Шаќири кој ќе раководи со Министерството за информатичко општество и администрација. Шаќири е директор на струшкиот Водовод, а паралелно и професор на Меѓународниот универзитет во Струга кој се поврзува со Рамиз Мерко. Меѓу 15 – те пратеника на ДУИ во парламентот е и Фљорин Бесими, кој е брат на кандидатот за министер за финансии Фатмир Бесими. Антикорупционерите будно ќе го следи постапувањата на браќата Бесими, а првиот судир на интереси го препознаваат во самиот избор на Владата.
„Да видиме како ќе биде изборот на министерот за финансии. Пратеникот е избран од страна на народот, тоа не е спорно. Меѓутоа, тој никако не смее да учествува во изборот на својот брат. Првин тука го гледам судирот на интерес. И тој треба да се изземе од расправата за избор на Влада и од гласањето за членови на Влада каде што неговиот брат е кандидат“.
Пред два дена беше одложен изборот на претсдател на Собранието, иако коалицијата СДСМ – ДУИ го најави за четврток, Талат Џафери беше реизбран вчера. Причина за ова, нефицијално беа токму несогласувањата на пратениците од Демкоратската унија за интеграција.