ДУИ не ветува директорски позиции, туку проекти

Министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конфернеција, ги коментираше изјавите на пратеникот Зекирија Ибрахими од Алтернатива околу распределбата на секторите во Град Скопје. Бектеши истакна дека Демократската унија за интеграција „ветува проекти, а не директорски позиции“.

– Околу изјавите на Ибрахими за распределбата на секторите во рамки на Град Скопје, доколку добие независната кандидатка, дека тие во тој случај имале некаков договор да раководат со „Комунална хигиена“ и мислам ЈП „Паркови и зеленило“, сакам да кажам дека ДУИ на изборите на 17 октомври излезе со програма за тоа што им нуди на граѓаните. Ние на граѓаните им нудиме програма, нудиме услови како да се подобри нивниот живот, а не дали одреден функционер од ДУИ би бил директор на некоја институција, соопшти Бектеши.

Back to top button
Close