ДУИ: Ние и нашата широка коалиција имаме јасна понуда наспроти нејасната идеологија на другата страна

Граѓаните в недела имаат избор околу една јасна понуда и концепција од една страна и сѐ уште несфатлива коалиција, со нејасна идеолошка и политичка цел од друга страна, велат од владејачката партија

Владејачката ДУИ се обрати до граѓаните со завршна порака пред вториот изборен круг, оценувајќи дека овие локални избори биле едни од најдобрите за партијата и нагласувајќи дека коалицијата на власт има јасни идеологија, агенда и цели наспроти нејасните цели на партиите во опозиција.

„За нас ова се едни од најуспешните избори. Покрај резултатот, ние сме горди што зелената агенда се наметна како задолжителен политички наратив во целото општество. Граѓаните треба да знаат дека в недела имаат избор околу една јасна понуда и концепција од една страна, и сѐ уште несфатлива коалиција со нејасна идеолошка и политичка цел од друга страна. Ние и нашата широка коалиција имаме јасна идеологија, идеологија која е добар избор. Избор
кој обезбедува гаранција за зелената агенда во нашите општини и гаранција за нејзиното наметнување длабоко во сите општествени текови,“ велат од ДУИ пред финишот на изборната кампања.

Од партијата велат дека се одлучиле за широка, информативна и компетитивна кампања во која граѓаните добиле вистинска слика за сите понуди.

„Изминативе четири години видовме што значи рамноправен развој во цела држава, без разлика дали во одредени региони живеат Албанци или Македонци, дали живеат Турци, Роми, Бошњаци, Срби или Власи“, велат од ДУИ.

Back to top button
Close