ДУИ – Ние сме апсолутни победници на изборите

Од партијата потсетуваат дека нивните кандидати во првиот круг победија во три општини – Липково, Сарај и Пласница, додека во вториот круг во Арачиново, Чаир, Струга, Кичево, Боговиње, Теарце и Долнени

Демократската Унија за интеграција денеска оцени дека вториот круг од локалните избори одржан вчера поминал во мирна и демократска атмосфера каде граѓаните го искористија правото на глас и ги избраа своите локални претставници.

„Демократската унија за интеграција излезе како апсолутен победник во овој изборен циклус, освојувајќи ги повеќето општини на републичко ниво каде што се натпреваруваше“,

оценуваат од партијата во соопштението објавено попладнево.

Од партијата потсетуваат дека нивните кандидати во првиот круг победија во три општини – Липково, Сарај и Пласница, додека во вториот круг во Арачиново, Чаир, Струга, Кичево, Боговиње, Теарце и Долнени. На 14 ноември ќе се одржи втор круг во општина Дебар каде ДУИ очекува да победи нивниот кандидат.

Back to top button
Close