ДУИ плати луѓе да тепаат млади и планираше да запали џамија на Шара“, рече вечерва шефот на штабот на ВЛЕН Аднан Азизи
Аднан Азизи, шефот на изборниот штаб на коалицијата ВЛЕН, денеска излезе со исклучително сериозни и шокантни обвинувања на сметка на нивниот политички опонент, Демократската унија за интеграција (ДУИ),
Во изјава која се појави во јавноста, Азизи директно ја обвини ДУИ за организирање насилство и за планирање напад врз верски објект. „ДУИ платил луѓе однадвор за да ги претепаат албанските млади, имале план да ја запалат и џамијата на Шар Планина“, се вели во острата изјава на Азизи. Во овој момент, од страна на Азизи и коалицијата ВЛЕН не се понудени дополнителни детали, докази или контекст за тоа на кој настан се однесуваат овие тешки обвинувања.
Се очекува реакција од страна на Демократската унија за интеграција.