ДУИ: Политичка одговорност за скандалот во Куманово – Астрит Исени и Сафие Садики Шаини да поднесат оставка

Соопштение на ДУИ:

Демократската унија за интеграција, по вчерашниот скандалозен настан со антиалбански навивачки повици на кошаркарскиот натпревар во Куманово, потенцира дека молкот и отсуството на институционална реакција не можат да поминат без конкретна политичка одговорност.

 

Во таа насока, бараме:

• Непосредна оставка од Астрит Исени, заменик министер за внатрешни работи, и

• Оставка од Сафие Садики Шаини, заменик министерка за спорт,поради нивниот неуспех да реагираат, да го заштитат јавниот интерес и да адресираат еден тежок инцидент кој директно ја загрозува меѓуетничкиот соживот и достоинството на албанските граѓани.

Истовремено, бараме сите албански претставници во Владата кои извршуваат клучни извршни функции, јавно да се дистанцираат од овој неприфатлив акт и да ја отворат оваа тема на следната владина седница, со предлог за строги санкции кон одговорните и веднаш да се повлечат од оваа Влада која поттикнува поделби и омраза, бидејќи нè посрамија.

Извинувањето не е решение.

Извинувањето нема вредност кога истиот пристап се повторува во секој сличен случај.

Отсуството на реакција значи соучесништво.

Албанците не заслужуваат молк – тие гласаа за достојно претставување и за заштита на нивното достоинство во секоја сала, институција и влада.

ДУИ ќе биде на чело на политичката, институционалната и граѓанската реакција сè до целосна одговорност и санкционирање на овој срамен настан

Back to top button
Close