ДУИ: Правдата не се брани со манипулации и двојни стандарди; Хашкиот трибунал за поранешна Југославија во Хаг и Специјализираните совети на Косово во Хаг не се исто

Со жалење ги оценуваме реакциите на македонските политички партии, кои со
својот пристап прават сериозна грешка, обидувајќи се да го изедначат
Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија во Хаг со
Специјализираните совети на Косово.

Станува збор за две правно и институционално различни институции.
Трибуналот за поранешна Југославија беше основан во 1993 година со
резолуција на Советот за безбедност на Обединетите нации, како меѓународен
трибунал за злосторствата извршени на територијата на поранешна
Југославија. Токму во тие рамки беа судени и Ратко Младиќ и други лица, при
што со конечните пресуди беа потврдени казните за геноцид, злосторства
против човештвото и повреди на законите за војувањето. Токму овој суд ја
потврди чистотата на борбата на Ослободителната Војска на Косово и
Ослободителна Народна Армија.

Специјализираните совети на Косово се нешто сосема друго: тие се институции
во рамките на судскиот систем на Косово, основани врз основа на уставен
амандман и закон усвоен од Собранието на Косово, со седиште преместено во
Хаг. Самата институција утврдува дека Специјализираните совети се поврзани
со нивоата на судскиот систем на Косово и ја одразуваат структурата на
косовското судство. Затоа, случајот со Трибуналот на ОН за поранешна
Југославија не може да се користи како аргумент секоја одлука донесена во
Хаг да се прикажува како иста по својата природа и правен статус.

Исто така, никој нема право сè уште незавршен судски процес да го заменува
со политички пресуди. Почитувањето на правдата, дури и во случаи кога таа е
отуѓена и целосно конструирана, како што е случајот со одлуката од 16
септември 2026 година, не значи само механичко прифаќање на првостепена
одлука, туку и целосно почитување на постапката, правото на жалба и
презумпцијата на невиност.

Правдата бара исти стандарди, но и правна прецизност, а Хаг не значи
автоматски ист трибунал, ист мандат и ист правен статус.

Секој обид за политизација на правдата, за манипулирање со фактите или за
изедначување на правно различни процеси само ги зголемува тензиите и
создава простор за непотребни меѓуетнички конфронтации, кои никому не му
служат.

Back to top button
Close