ДУИ се ломи, нека “трепка”

Наспроти иритирачките провокации од Џамбасот и нашето наивно налетување на таквите провокации, што изгледа како картунизирано забрзано лизгање на кора од бананa, во сенка остана една изјава на Ахмети, повторувана повеќе пати на митинзите кои ги организира.

Тој вели:
…” Затоа сега сакаме да отвориме нова сцена, проевропски фронт, што го забрзува нашето членство во Европската Унија.

Овој фронт е помош што го забрзува нашиот пат кон ЕУ, кој мобилизира кон уставни измени.

Овој фронт мора да работи и за нашите македонски сограѓани.

Македонските публицисти и интелектуалци пишуваат дека сум ја предал македонската кауза.

Тоа никогаш нема да се случи бидејќи јас сум бил, сум и секогаш ќе бидам ангажиран во одбрана на каузата на нашите сограѓани, нивниот идентитет, јазик и култура…. “,

Намерно или не, незнам, но јавноста некако изостави да продлабочи анализа на ДУИ – партијата која најдолго управува со земјава!

Во медиумиските продукти што циркулираат низ етерот, сеуште не сретнав некоја посериозна анализа за овој негов искажан став упорно повторуван на разните митинзи. Особено не – за повиците за сеграѓанско обединување во евро-интегративната агенда. Иако, да бидеме реални, во некоја рака разбирливо е, дури и да има сомнеж дека мотивите за таквите изјави на Ахмети може и да се од само-спасувачки пориви, но, тоа на никој начин не ја намалува нивната важност и ефектите од овие повици по поширокото општесто. Напротив. Затоа и вреди да им се даде малку поголемо внимание – наместо инфантилно да се занимаваме со тоа кој на која група припаѓа, кога е во прашање  ДУИ – тој наш политички диносаурус.

Зошто?

Затоа што ми се чини дека ова е прв пат после подолго време, од лидерот на ДУИ да се употреби вординг кој праќа сигнали за сосем нов курс: “обединувачки и сеграѓански“.

Woow, каков пресврт?!

За потсетување, Меџити имаше јавни забелешки за курсот на својата партија кога рече дека сегашното раководство …“го трампал ОРД за мултикултуралиам”…; а со оваа изјава недвосмислено етаблираше склоност кон приоретизирање на етно-националистичката кауза – која изгледа дека сеуште му е “објект на обожавање ( object petit a)”. Наспроти оваа изјава на Меџити, контра него – Ахмети праќа сосем друга порака – онаа за граѓанско обединување. Така што, изгледа дека освен куриозитетот поврзан со личните анимозитети внатре во партијата и тензиите околу тоа кој добил, а кој не добил функција, ДУИ се ломи и по визионерската линија.

Токму оваа вторава ломача има важни реперкусии за целото општество и за идниот курс на државата.

Или, ако Ахмети, запеал песна во “сеграѓански” акорд, а огнените пеат сеуште во “етнонационалонален”, ние сите треба да се запрашаме – кој пат ќе го фати таа партија – која, пак ќе повторам, најдолго управува со земјава.

Значи, тензијата во ДУИ се одвива и на едно продлабочено ниво – имено, дали ќе останат концентрирани само на етничките теми или ќе се занимаваат и со општествени, интеграциски, економски, граѓански, инфраструктурни теми и сл.

Секој прогресивен хабитус секако дека го посакува ова второво, но дали е тоа можно, сепак е прашање на кредибилитет, на конзистентност, на упорност и на сила – посебно кај помладата генерација на ДУИ-евци, кои го немаат бремето на Ахмети, но, ја имат таа голема одговорност пред државата да управуваат во современ и демократски модус (сите овие се фактички актуелни функционери во Владата на РСМ, а меѓу нив е Првиот Вице Премиер). Веројатно, токму тие се оние кои треба и да се потрудат да делуваат и во правец на еманаципација на сите граѓаните без разлика на нивната етничка атрибуција. Конечно, оваа внатрепартиска борба е и меѓугенерациска.

Затоа и впрочем, битен е сигналот кој треба да го видат сите политички субјекти во Македонија во повикот на обединувањето и на јасното позиционирање во однос на суштински битните прашања кога се работи за безбедноста и за иднината на нашата држава. Посебно кога е неопходно да покажеме политичка зрелост во водењето на државата- што е неопходност на моментот имајќи го предвид актуелниот регионален и глобален контекст. За вакво обединување зборуваше и Ахмети, сега како “претставник” на помладата генерација. И тоа е добро.

Токму затоа сметам дека и јавноста треба да се позанимава со продлабочени, а не со “рекла-казала” согледби за актуелностите во ДУИ, во спротивно, само ќе допринесе кон одржувањето на етно-корпоративистичко status quo на нашата политичка сцена. Во тој правец, суштестввено важна задача на помладта генрација на ДУИ-евци (или, ова што го промовираат преку Ахмети) е и реално да го отелотворат во пракса, а воедно да покажат снага и ум да се справат и со уште една важна работа : корупцијата – која исто така е тема на дневен ред во поглед на евроитеграциите. Не се само уставните измени битни. Toj дуален рефлекс верувам ќе добие многу појака подршка од актуелната.

Сепак, дали е изводливa ова замисла на Ахмети, зависи од силите внатре во ДУИ, или, дали кај нив ќе преовлада прогресот или регресот-во смисла на визијата што ја имаат за земјава разните внатрепартиските групации. Истото важи и за македонскиот блок, кај кој сеуште има регресивни сили, кои сервираат жалопојки од типот “калимеро нема правда”, а наместо полна уста “патриотизам”, би требало да согледаат дека земјата е пред значајно голем предизвик – безбедносен пред се. Спрема тоа, во право е Ахмети кога вели дека треба да се делува обединето за поголемата цел, затоа што најпосле, разделеноста само ја ослабнува земјата во меѓународниот контекст и тоа може да има несогледиви последици по сите граѓани. Би било идеално, кога едно такво обединување би ја вклучило и борбата со корупцијата – затоа што и таа е референтна за оджување на безбедноста на земјава.

Па, нека “трепка”…

Back to top button
Close