ДУИ: Села и Таравари стојат зад насилството и оцрнување на жените Албанки на вчерашните протести

Изразуваме длабока згрозеност од обидите на Алијансата за Албанците да ја скрие нејзината рака и преку протести да ја злоупотреби трагедијата на модуларната болница во Тетово што ја потресе целата земја, обвини ДУИ.

– Вчерашниот насилен и навредлив протестен марш кон положбата на жената е уште еден доказ за оваа скриена намера. Јасен доказ дека изразеното насилство и оцрнување на жените Албанки на вчерашните протести носи печат на Села и Таравари се фотографиите од протестот, на кои јасно се гледа присуството на членови на високата партиска структура на Алијансата за Албанците, вклучително и потпретседателката на огранокот Нука Бајрами, но и директните повици објавени на Фејсбук од страна на Арбен Зеќири, одговорно лице на Алијансата за медиумите, да учествуваат во протестите – велат од ДУИ.

Од ДУИ велат дека наместо осуда и дистанцирање од насилство и навредливите пароли, Алијансата за Албанците докажала дека го поддржува нискиот гест на навреда кон општествената положба на жените и го поддржува насилството на демонстрантите со криминално досие.

Back to top button
Close