ДУИ: Сите парламентарни политички партии да го поддржат предлог-законот за ВЕТИНГ

Демократската Унија за Интеграција вчера го одржа 16-тиот состанок на Централното претседателство. На средбата, како што информираа од партијата, се разговарало за актуелните политички случувања во земјата и регионот, како и за агендата на активностите во наредниот период.

„ДУИ оценува дека одвојувањето на Република Северна Македонија од пакетот со Албанија на евроинтегративниот пат претставува лоша вест за земјата и за сите граѓани. ДУИ ги поддржува уставните измени согласно преговарачката рамка со ЕУ и ја повикува Владата без етнички легитимитет да покрене соодветна процедура за усвојување на измените во Собранието, во кој случај ДУИ ќе гласа за усвојување на истите час порано. Европската перспектива за ДУИ останува неоспорен приоритет и оваа позиција ја манифестиравме преку колективните оставки на министри во последниот мандат од причини за обезбедување на потребниот политички консензус, во кој случај докажавме дека за нас е поважна европската перспектива“ се вели меѓудругото во соопштението од опозициската партија.

Оттаму ги повикаа „сите парламентарни политички партии да го поддржат предлог-законот за ВЕТИНГ на ДУИ, правејќи го овој процес инклузивен и со кој ќе придонесеме за зголемување на кредибилитетот на граѓаните во правосудните органи“.

„ДУИ повторно ја нагласува важноста на долгогодишната одлука на партијата за целосни истраги над сите политички партии, без исклучок, во изминатите 33 години. ДУИ бара проверка и контрола на потеклото на имотот за сите носители на јавни функции во последните 33 години, повторно ја нагласува потребата од целосна истрага на процесот на приватизација и транзиција заедно со олигархијата создадена од тој процес, ја нагласува потребата од почитување на етничкиот легитимитет на изборниот процес и меѓуетничкиот карактер на институциите во согласност со волјата на гласачите и заедниците“ велат Интегративците.

 

ДУИ смета дека „легитимитетот е национална обврска на сите избрани претставници, затоа уште еднаш упатуваме јавна покана до ВРЕДИ да се откаже од владата каде се понижуваат Албанците, додека ДУИ и Европскиот Фронт не се заинтересирани да учествуваат на таков формат на власта, напротив, потребно е единство за да се запре понижувањето што им се прави на Албанците и на другите заедници“.

Централното претседателство на ДУИ ја прифати иницијативата на своите ограноци за одржување на состаноци на ограноците со отворен карактер, со присуство на народ, со присуство на граѓани, на кои ќе учествува и највисокото раководство на ДУИ. Средбите со ограноците со народот почнуваат од утре.

Првата средба ќе се одржи во Липково во 19 часот, а втората средба ќе се одржи во Сарај

Back to top button
Close