ДУИ со осуда за насилството: Политичката бруталност на албанската опозиција не познава граници

ДУИ најостро го осудува физичкото и родовото насилство за време на денешниот протестен марш во Тетово, реагираат попладнево од владејачката партија.

-Политичката бруталност на албанската опозиција, изразена преку нејзината скриена рака не познава граници, ниту болка за семејствата на починатите кои за жал ги загубија животите во трагедија што досега не сме ја доживеале. Ова е уште еден доказ за обидите на опозицијата да добијат ниски политички поени во пресрет на локалните избори.
Демократската Унија за Интеграција ги повикува политичките опоненти да не си поигруваат со чувствата на граѓаните и со тоа да не ги отвораат раните на членовите на семејствата.
ДУИ исто така го осудува вербалното родово насилство и бруталните пароли што беа користени од страна на организаторите.
Демократската Унија за Интеграција, ја осудува и злоупотребата на малолетниците, кои можеа да се видат на овој протестен марш, кршејќи ги нивните права, стои во реакцијата на ДУИ.

Back to top button
Close