ДУИ за Ганиу: Срамен крај на еден мандат обележан со корупција, загадување, незаконско градење и киднапирање на иднината на нашите деца

Соопштение на ДУИ

Општина Чаир, со само три квадратни километри, но дом на над 60.000 граѓани, се претвори во симбол на урбан криминал и институционална злоупотреба.

Со години наназад, илјадници квадратни метри зеленило беа уништени за да му се отстапи место на нелегални и корумпирани градби.

Оваа општина, една од најгусто населените во Европа, стана една од најзагадените општини во државата.

Последните откритија за стотици згради изградени со фалсификувани документи, јавно обелоденети, ја откриваат вистинската димензија на скандалот и реалната опасност што му се заканува на животот на жителите.

Ова е срамен крај на еден мандат обележан со корупција, загадување, незаконско градење и киднапирање на иднината на нашите деца.

Но надежта доаѓа. За само неколку месеци, ова зло што ја попречуваше иднината на Чаир ќе биде отстрането, и ќе се отвори ново поглавје исполнето со достоинство, зеленило и надеж за сите наши граѓани.

Back to top button
Close