ДУИ: Унапредени 26 службеници во Царина, без ниту еден Албанец
Демократската унија за интеграција (ДУИ) остро реагира на најновото унапредување на 26 службеници во Царинската управа, меѓу кои – според партијата – нема ниту еден припадник на албанската етничка заедница.
Партијата оценува дека ова не е изолиран случај, туку дел од поширока политика на етничко исклучување што, како што наведуваат, директно го нарушува соживотот и уставниот принцип на еднаква застапеност.
„Наместо мултиетничка застапеност, гледаме враќање кон еднонационални структури и негирање на реалноста во која живееме“, стои во реакцијата од ДУИ, од каде бараат итна реакција од Владата и одговорност од сите чинители што – со учество или молк – ја овозможуваат оваа, како што велат, дискриминаторска практика.
ДУИ предупредува дека нема да дозволи Албанците да бидат, како што се изразуваат, „избришани од државата“, и најавува дека ќе ги искористи сите демократски средства за да се спротивстави на „институционалниот монопол“ и да се врати правдата „кај сите граѓани – еднакво