ДУИ: Уставен да овозможи оние кои се во изолација да се регистрираат за гласање до 15 јули
-Втор начин со одлука на ДИК или на Комисија за заразни болести да им се овозможи тие што се во изолација во меѓувреме да направат тест и доколу се негативни да можат во среда да гласаат и со тоа да им се гарантира правото на глас и никој да не го оспори легитимитетот на изборниот процес. Заштита на граѓаните е важно, но треба и да се гарантира право на глас и не смее да се негира. Само денес имаме 205 нови позитивни помножете го тоа со бројот на контакти кои тие ги имале и тие што ќе одат во изолација. Тоа е можна бројка од 2000 граѓани што само денеска им се негира правото на глас. А ако тоа го множиме до денот на избори то значи дека околу 10 илјади граѓани ќе немаат право на глас, рече Османи од Тетово.