ДУИ: Вработување на Албанците има само за роднините на Изет Меџити
Демократската унија за интеграција, на денешната прес-конференција остро реагираше на изјавите на Изет Меџити дадени за време на посетата кај едно семејство во Гази Баба.
„Изет Меџити синоќа уште еднаш покажа дека за него лагите и манипулациите немаат граници,“ изјави Решат Ахмети на прес конференцијата на ДУИ.
„Тој тврдеше дека за една година владеење на ВЛЕН биле вработени двојно повеќе Албанци отколку за целото владеење на ДУИ. Таква лага заслужува да биде запишана во Гинисовата книга на рекорди.“
Ахмети нагласи дека вистината е сосема поинаква и дека кога Меџити зборува за „вработувања“, мисли само на своите роднини и најблиски. „Додека илјадници граѓани на Чаир и Скопје со години чекаат за една чесна можност, неговиот клан собира по две или повеќе плати“ рече Ахмети.
Тој го повика Меџити јавно да покаже само две имиња на луѓе од Чаир кои добиле работа во изминатата година, а не се негови семејни членови или пријатели. „Само две имиња, ништо повеќе“ подвлече Ахмети.
Ахмети потсети и на список од десетици имиња поврзани со непотизмот на Меџити, од неговиот братучед Бурим Латифи, директор на МЕПСО, до брачниот пар Имери, кои, како што рече, „се само дел од мрежата на блиски луѓе што ги вработува и унапредува Меџити“.
„Оваа листа е само мал дел од она што граѓаните на Чаир и Скопје многу добро го знаат: дека за Изет Меџити политиката отсекогаш била средство за вдомување на семејството и пријателите, а не за служење на граѓаните“ истакна Ахмети.