ДУИ за Преспанскиот договор: Чин на државничка храброст, кој го отвори патот за членство во НАТО и ја закотви земјата на вистинската страна на историјата

Соопштение на ДУИ

Пред седум години, Преспанскиот договор го одбележа историскиот пресврт за Република Северна Македонија.

Тоа беше чин на визија и државничка храброст, кој не само што го отвори патот за членство во НАТО, туку ја закотви земјата на вистинската страна на историјата, во срцето на евроатлантската заедница.

Преспа ја претвори државата во регионален пример за решавање на сложени прашања преку дипломатија, и го постави Скопје како платформа за дијалог и стабилност на целиот Балкан.

Но денес, седум години подоцна, ја гледаме најтешката девалвација на тој капитал.

Владата, која треба да биде гарант на евростлантската ориентацијата на земјата, станува закана одвнатре.

Руски наративи се бранат од владини функционери, се гласа против Украина, Додик се дочекува како почесен гостин, а Охридскиот Мировен Договор речиси една година е предмет на систематска агресија.

Европската перспектива е замрзната, граѓаните се демотивирани и разочарани, илјадници ја напуштаат државата или бараат пат до Европа преку други пасоши, додека соседите чекорат напред во интеграциите.

ДУИ ги повикува сите политички и општествени фактори да не дозволат овие тешко стекнати достигнувања да бидат избришани.

Преспа и ОМД не беа само компромиси, беа избор за иднината

А денес, повторно мораме да избереме: ќе дозволиме ли оваа генерација да биде генерација на поништување, или ќе станеме глас за заштита на европската иднина?

Особено загрижува улогата на остатоците на ВРЕДИ, кои ги предадоа суштинските вредности што ги застапуваа Албанците со децении , вредности на европеизација, рамноправност и демократска зрелост.

Наместо да бидат глас на напредокот, тие се претворија во алатка на манипулација, легитимизирајќи политики што директно ја уриваат проевропската ориентација на државата.

Вистинската природа на овие политички структури излезе на виделина:, тие се привремени играчи во служба на антиевропски агенди.

Back to top button
Close