(ФОТО) ДУИ за случајот во Челопек: Немаше реакција кога во училиште во Аеродром деца носеа униформи на Комитите
ДУИ ја критикува одлуката на МОН за испраќање на просветен инспекторат во основното училиште „7 Mарт“ во селото Челопек, каде за време на приредба учениците носеа пластични пушки и беа облечени во униформи на УЧК. Тврдат дека на овој начин, министерката за образование Весна Јаневска се заканува со санкции и дека ова е продолжение на, како што велат, антиалбанските политики што се спроведуваат во последните месеци.
Од партијата од Мала Речица, ваквиот случај го изедначуваат со случај во едно скопско училиште, покажувајќи фотографија од деца во униформи на Комитите.
„Но, кога во едно македонско училиште во Аеродром децата носеа униформи на Комитите и изведуваа воени поздрави немаше никаква реакција. Тогаш, Демократската унија за интеграција не дозволи, како што нема да дозволи, ваквите активности да се злоупотребат за создавање меѓуетнички тензии или поделби во општеството. Во тоа време, сметавме дека е важно децата да не бидат вовлечени во политички и етнички конфликти“, велат од партијата на Али Ахмети.
9
Опозициската партија бара од Јаневска да се повлече од заканите против училиштето во Челопек и да престане со политизација на културните активности на децата.
-Секој обид за создавање поделби и дискриминација нема да биде толериран. Албанците не се граѓани од втор ред и нема да дозволат нивниот идентитет и национална гордост да бидат омаловажувани.
Вчера министерката најави поведување постапка против раководителите и наставниците од основното училиште во Челопек. Како што можеше да се види на сликите и видеото од овој настан, децата носеле маскирни униформи и држеле реплики на пушки, симулирајќи пукање. Јаневска информира дека Државниот просветен инспекторат ќе го посети основното училиште и ќе се проверува дали има злоупотреба на деца, дали приредбата е дел од наставниот план и кој го одобрил. Таа додаде дека доколку целта била да се шири патриотизам, тогаш требало да има симболи на државата на чија територија се наоѓа училиштето