Дука:  Влошената состојба во земјата, го алармира и Дебар  

Влошувањето на состојбата со Корона вирусот во земјава, го алармира и Дебар и покрај тоа што 46 дена нема случаи на заболени од вирусот Ковид 19. Оваа го изјави денеска градоначалникот на  Дебар Хекуран Дука, по завршувањето на состанокот на Кризниоит штаб.

Дука нагласи дека штабот ја изнел оценката дека треба и во Дебар да породолжи земањето на тестови со брис со цел да се види дали навистина има болни од Ковид 19 или не. 

-Неоходно е да се земаат брисеви особено кај пациентите кои имаат кашлица и висока температура – нагласи дебарскиот градоначалник. Според него тестирањето треба да биде присутно и кај сомнителни категории на лица бидејки само така се открива дали имаме присуство на Коронавирус или не .

Градоначалникот Дука воедно соопшти дека МВР има казнето 8о лица кои не ги почитувале мерките на владата , додека пак за време на викендот од вкупно 15 контроли извршени на угостителски објекти кај два објекти инспекторите регистрирале непочитување на протоколот за работа на објектите .

 

К.М

Back to top button
Close