Дуковски: Никаде нема доказ дека Боки ги примил парите, а торбата која би тежела 19 килограми Кичеец ја носеше како перце

Во Кривичниот суд денеска одбраната на Бојан Јовановски Боки 13 и на Катица Јанев ги даваат завршните зборови за случајот Рекет.

Адвокат на Боки, Сашо Дуковски во завршниот збор рече дека завршните зборови на обвинителката Вилма Русковска не вреди да се коментираат оти со нив ништо не е докажано само како кафе муабет, пренесе 24Инфо.

-На снимките не видовме никаде дека Боки ги примил парите, а торбата во која наводно имало милион евра во банкноти од 50 евра, таа, според спецификациите на Европската банка, истите би требало да тежат најмалку 19 килограми, а торбата Кичеец ја носи како перце. Од друга страна, Камчев е таков човек што сигурно би ги обележал парите, а секако би имал и снимка на која се гледа дека Боки ги зема парите, па очигледно дека е фингирана снимка – рече Дуковски.

Адвокатот му замери на Судот што не прифатил дополнително вештачење на мобилните телефони што го побарал Боки, кој исто така понудил лозинки за заклучениот Ајфон на Кичеец, кој поради тоа не бил вештачен. Тој забележа дека судечкиот совет прифатил докази кои ги предложило ОЈО, како на пример ауди снимки од едно место, а со видео снимки од друг настан.

повеќе

Back to top button
Close