Дума: Да нема притисок врз вештаците, јавноста сака одговори, но мора да има трпение
Секоја предвремено објавена информација може да предизвика сериозно комплицирање на постапката. Јавноста сака одговори, но мора трпение, објаснува за Канал 5 професрот Алексеј Дума кој 41 година работеше во судската медицина и криминалистика. Институтот за судска медицина е единствено обврзан наодот од обдукцијата да го достави само до Јавното обвинителство, вели Дума.
И по четири децении поминати со обдукции, а денеска во пензија за професорот Дума истрагите за убиства поврзани со убиено дете секогаш се најгорки. Темелната истрага треба да го покаже мотивот и профилот на овие убиства.
Но правилно водена истрага може да предизвика раскопување и на други кривични дејствија поврзани со овие осомничени, потенцира професорот по судска медицина.
Според Дума нема една иста форезинка со други поврзани случаи на претходно нема шаблон. Секој добиен нов податок треба да заврши прво во обвинителството. Еден примерок останува во архивата на Судска Медицина и во Јавното обвинителство.