Дури 15 години, 100% воен инвалид од конфликтот во 2001, чека одговор од владина комисија за стан: Не барам милост, барам тоа што ми следува по Устав!

На само 22-години, скопјанецот П.М., во 2001 година, бил на првата борбена линија во Арачиново, во одбрана на татковината од воен напад на терористичка организација. Бил тешко повреден од гранати и оттогаш живее со 100% инвалидитет. Иако тој веднаш се одзвал на воениот повик на државата, сега таа со години не го гледа, ниту слуша. Надлежните државни органи цели 15 години не му го остваруваат правото кое со закон го следува, односно тој, неговата соопруга и трите малолетни деца, да добијат станбено згрижување.

-Од 2010 година мојот сопруг има активен предмет за станбено згрижување пред Комисијата за станбени прашања. Уште во 2010 година му било кажано дека барањето ќе биде разгледано „на некоја од следните седници“. Петнаесет години подоцна, ние сè уште немаме конечна, писмена и образложена одлука, вели неговата сопруга.

 

– Advertisements –

 

Таа истакнува дека ова не е прашање на добра волја, туку ова е прашање на Устав и закон.

 

-Член 36 од Уставот вели дека државата им гарантира посебни социјални права на воените инвалиди и на нивните семејства. А Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили предвидува дека лице како мојот сопруг има право на приоритет при добивање стан под закуп, на неопределено време и со повластена закупнина. Тоа не е привилегија. Тоа е законска обврска на државата.

Во овој случај, државата не обезбеди стан, вели сопругата.

Повеќе

Back to top button
Close