Дури 62 отсто од луѓето во Македонија не оправдуваат развод

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) ги истражуваше толеранцијата и вредностите на граѓаните низ неколку елементи: социјална дистанца со соседите, традиционални и секуларни вредности, поддршка на потребите на индивидуата и заедницата и односот кон природата и гржата за животната средина. Наодите покажуваат ниско ниво на толеранција, висока неоправданост за семејното насилство и свест за сопствената одговорност за заштитата на животната средина.

Ставовите во 2021 година спрема ставовите во 2010 г. покажуваат стабилност во неоправданоста на абортус (околу 75%) и хомосексуалност (околу 88%), зголемување на неоправданоста на еутаназијата (од 73% на 79%), а намалување на неоправданоста забележана кон развод (62.1 % спрема 67.6%) и проституција (од 94.8% на 88.2%).

 

 

Back to top button
Close