Дури 992 казнети возачи за брзо возење

Министерството за внатрешни работи вчера спроведе засилена акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 992 возачи.

– Од нив 100 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 30 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. При тоа 443 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 549 надвор од населено место, соопшти денеска МВР.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Back to top button
Close