Дури и Кулеба, се колеба околу идејата на Макрон!?


После сонцето – облаци!?
Римјаните грешеле со онa: Post nubila Phoebus.
После победата на Украина на Евро(скандал)визија многу работи, кај нас и на глобалната сцена (арена), стануваат појасни. Сега, во НАТО ( во јато!), ќе влезат Финска и Шведска, а дека и натаму ќе бидат најсреќните земји во светот, тоа, малку морген!
Но, да си ја гледаме ние маката своја и да си го бараме – чарето свое. Оти, кој знае, утре на која нога ќе стране Макрон и како ја минал ноќта зо Бриџит!?
Ако стане на лева нога, за нас ниту лижавче. Ако стане на десна, можна е некаква утеха, може да каже нешто “угодно за нашите уши”. На пример, да не пресели од чекалната во шпаисот!
Иде лето, температурите ртастат, шпаисот е добро место за прелетување, барем додека не дојде зимата. Дотогаш и тој ќе смисли нешто за нас – колку за презимување.
Нашите политичари и одделни колумнисти побрза, предвреме, да се огреат од идејата на Макрон. А таа не е ништо повеќе од еден пробен балон (отприлика, така му ја прими Шулц во Берлин), нешто како дефиницијата за дипломатијата: “да ве дават, ама, тоа да ви го прикажат така што вие треба да мислите дека ве милуваат!”.
За да биде балот и маскамбал, Макрон, всушност, мислеше на Украина, а не на Западен Балкан, каде ние припагаме. Мислеше и на себе си, затоа што се скоро општите парламентарни избори во Франција, а нему, и покрај победата, не му цветаат баш толку розите во сопоствениот двор!
Источниот блок, заедно со мајка Балгарија, уште истиот ден се побунија. Тие ниту сакаат да се откажат од правото на вето, ниту, пак, не сакаат, дури, ни во шпаисот. Кога уште данаш ќе заграбат прилика нивниот глас да тежи колку и германскиот, или францускиот, или, италијанскиот на пример?
Тоа се земјите кои сакаат на Бугарите да им речат: “седи ѓе си за и ѓје си ниси!”, ама, засега, незнаат како да им го кажат тоа.
“Политички штит” од влијанието на Русија.
Идејата на Макрон, за некаква, сеуште недефинирана “Европска политичка заедница” и не е нешто ново. За тоа се залагаше и многу повлијателниот Митеран. Тоа е постара идеја, за “политички штит” од влијанието на Русија.
Една седмица, престојував во Москва, “ на испомош! “ во Дописништвото на Танјуг, кога дописници беа нашиот Ристо Попоски и легендарниот танјуговец (дописник од Пекинг) и директор, Михајло Шарановиќ. Ние во Танјуг, тикерот на ТАС го имавме отворен за нас 24 часа, како и тие, оној, нашиот, во Белград.
Токму таа седмица, во Москва, допатува Митеран. Со Горбачов (водач на Советска Русија од 1985 до 1991 и добитник на Нобелова награда за мир, 1990), ја заговараа идејата за Европа од Лисабон до Урал, за Европа со Русија внатре во ЕУ.
Тоа беше крајот на осумдесеттите години на минатиот век. Но, сеуште беа свежи сеќавањата за “братсските, интервенции (теорија – ограничен суверенитет!) на Советите во Унгарија и Чешка, така што на Вацлав Хавел и не му требаше голем напор, и покрај падот на Берлинскиот зид, да ја осуети намерата. Понекогаш и големите луге прават големи грешки.
Макрон, нималку случајно, идејата ја обелодени во очи на 9 мај, а тоа е денот на “Шумановата декларација” од пред 72 години, со која обиденита Европа постана реалност. Но, сепак, Макрон не е Шуман!
Во реал политиката се знае “кој коси, а кој вода носи!”. Особено, после руската агресијата врз Украина. Вашингтон е тој кој коси, особено во поново време, а на Бајден и не му одговара, баш премногу, некој да му се меша во есапите. А ова е најмалку погодно време за некоја нова Ангела Меркел, на чија лидерска позиција би сакал да се види Макрон.
Најверојатно, тоа му е јасно и на украинскиот министер за надворешни работи Кулеба, кој и самиот се колеба во безграничната доверба на европјаните. Тој знае дека тие “мало пију, а мало Шарцу дају ( !)”, кога им се во прашање интересите, да не речеме, нивната себичност.
Кулеба се колеба, особено е скептичен во врска со “лесно ветената брзина!” околу приемот на Украина во ЕУ. Не случајно, сите погледи на Украинците се свртени кон Вашингтон. Само тој сака Русија да биде ем победена, ем понижена.
“Шта нам је чинити”!?
Ништо, освен да чекаме и да се стрпуваме. А, бидејќи, секој втор сме Трпе и Трпана, за друго и не сме создадени. Бујар и Славјанка, се натпреваруваат, приви трчаат “пред рудата”во спасувањето на Украина и внесувањето на Шведска и Финска во НАТО! Kако, божем, од нас да зависи нешто. Без нас, нема да ги примат.
Зарем некој очекува од нас, да го слушнеме она што го кажува Ердоган, или Милановиќ? Такво нешто од вазални земји не очекувајте.
И колку да не понижува Бугарија и да си тера мајтап со нас, не очекуивајте некој од нашите да им каже во Брисел: како такви не ни требатате! Не дека со тоа ќе ги навредиме, или, загрижиме! Едноставно, ќе им го олесниме маките со нас. Уште поедноставно, ќе не минираат.
А без нив, надвор, или, внатре во ЕУ, како и без САД, за нас нема напредок. И колку да не држат на “усо ортомче” ( стап и морков!) ние зависиме од нив, а не тие од нас. Ним нема увце да им трепне, ако некоја земја од нивното соседство, отворено каже – не сакаме во ЕУ. Ние не сме Србија. Ниту пак Србија ја присилуваат затоа што толку им се умилила. Едноставно, да ја оддалечат од Русија и Кина.
Сума, сумарум, ништо ново од идејата на Макрон, ниту пак очекување дека во скоро време таа ќе се реализира. Таа е однапред осудена на неуспех. Затоа што не е во прашање самата идеја, туку, од истата се поважни институциите, односно самата структура на ЕУ.
Во прашање е начинот на одлучување, односно консензусот. Како да се замени со таканареченото квалификувано мнозинство? Помал дел од населението во ЕУ, токму оној од источните земји (не старата дама!), денеска, одлучува во името на мнозинството.
Отприлика како во онаа народната, охридската, визитарската: “дојдоа дивите, нека стануваат питомите”!!! (Крај) Веле Митаноски

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close