Дури и од мајмун крадат: Луѓе ги украле половина од поклоните купени за Мики и неговиот роденден

Војо Иванов, зоо-неговател во Зоолошката градина во Скопје објави дека посетители украле дел од подароците наменети за мајмун, кој ги добил по роденденска прослава.

Иванов на социјалните мрежи информираше дека бил организиран роденден за мајмунот Мики, но наместо настанот да помине во позитивна атмосфера, повеќе од половина од подароците завршиле кај посетителите.

„Правевме роденден на мајмунот Мики. Повеќе од пола поклони му ги украдоа гости (луѓе!!!) – на мајмунот!!! Толку имам да кажам“, напиша Иванов.

Случајот предизвика реакции во јавноста, особено поради фактот што станува збор за настан организиран за животно, а подароците биле наменети за негова грижа и збогатување на средината во која живее.

Засега нема информации дали Зоолошката градина ќе преземе конкретни мерки или дали ќе има санкции за посетителите.

Извор: skopje1.mk

Back to top button
Close