Дурловски од ВМРО-ДПМНЕ за ниски даноци, финансиска поддршка и продуктивни работни места

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ

Конкурентните мали и средни претпријатија, се двигатели на економскиот раст во Македонија и во создавањето на продуктивни работни места. Оттука за подигнување на животниот стандард потребно е нивна системска поддршка.

Ќе работиме на градење на национална инфраструктура за потребите на брзорастечките и мали и средни претпријатија, како столб на идниот економски развој на земјата. Со намалувањето на даноците, борбата против сивата економија која ги руши темелите на економскиот систем, ќе биде заедничка.

За младите до 29 години кои остваруваат годишни приходи до 6.000 евра, данокот ќе биде нула проценти. Финансиска поддршка ќе добијат невработени млади преку неповратни грантови и грантови со кредитирање заради отворање на сопствени бизниси, како и финансиска поддршка за иновативни проекти.

Ќе ја намалиме стапката на невработеност под 10% преку креирање на нови, високо квалитетни и доброплатени работни места. Силно верувам дека таквите економски политики ќе овозможат остварување на нашите стратешки приоритети и цели, повисоки стапки на економски раст и повисок животен стандард.

 

Back to top button
Close