Душко Млекарот е екстрадиран од Германија во Македонија

Душко Илиевски во јавноста познат како Душко Млекарот е екстрадиран во Македонија. По барање на македонските правосудни органи спроведен е од Германија за издржување на две затворски казни од година ипол и една година, за учество во толпа и напад на службени лица во време на Шарената револуција, пренесе ТВ24.
Тој беше баран со меѓународна потерница, откако со семејството се пресели да живее во Германија, каде доби политички азил. Илиевски е познат уште пред десетина години од протестите за Сведмилк, а последниот период објавуваше материјали за работењето на актуелната власт.
Преку неколку медиуми Илиевски обвинуваше за притисоци врз него, особено од поранешниот пратеник на СДСМ Александар Кирацовски.






